Украинските мировни преговарачи денеска почнуваат нова рунда разговори со американскиот тим за предлози за прекин на војната со Русија, објави главниот украински преговарач Рустем Умеров на Телеграм.

Тој додаде дека на разговорите во САД ќе бидат вклучени и европските партнери на Киев.

-Ние сме конструктивно ориентирани. Веќе одржавме прелиминарни консултации со нашите европски колеги и се подготвуваме за понатамошни разговори со американската страна. Безбедноста на Украина мора да биде сигурно и долгорочно гарантирана, посочи Умеров.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се стреми да ја заврши речиси четиригодишната војна. Специјалниот американски претставник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер во текот на неделата имаа разговори со украински и европски претставници во Берлин.

Exit mobile version