Улиците поплавени, возилата едвај се движат - невреме во Македонија

 Обилните врнежи од дожд во централното градско подрачје и најголемите штипски населби Сењак и Дузлак ги поплави улиците, а возилата отежнато се движеа по коловозите.

Од поројниот дожд и силината на водата се поместија и делови од импровизираниот кружен тек на мини обиколницата, која води кон вакциналниот пункт во салата „Јордан Мијалков“.

Борче Органџиски од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип за МИА вели дека веднаш на терен излегла екипа на ЈП „Стипион“ и импровизираниот кружен тек повторно е поставен и нема проблеми во сообраќајот.

Во моментов екипи на ЈП „Стипион работат на атмосферските канализации и чистење на коловозите од песок и наноси низ градот. Нема информации за поплавени домови. 

11.06.2021 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега