Улици во Скопје денеска ќе останат без вода

 

Дел од корисниците лоцирани на булеварот „Партизански одреди“ згради 129 и 131 денеска од 8:30 ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Од 9 часот денеска без вода ќе бидат дел од жителите од булеварот „Македонско-косовска бригада“ и дел од улицата „Прохор Пчински“.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот на булеварот „Партизански одреди“ е поради дефект на шибер, а на булеварот „Македонско-косовска бригада“ 16 поради санирање уличен дефект.

Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенциите. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2019 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега