Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против О.С.А.(41) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба” и за „соизвршителство” во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем” и против Д.К.(35) од Штип и С.М.(38) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство” во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем”.
На 29.10.2025 од куќа на лице од Кочани, првопријавениот одзел паричник со пари, лични документи и платежна банкарска картица.
После тоа, тој ја дал картичката на второпријавениот, кој заедно со третопријавениoт од банкомат во Кочани извршиле три успешни трансакции од по 30.000 денари или вкупно 90.000 денари, а направиле и дополнителен обид за трансакција кој бил неуспешен.
Актуелно
- Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем
- Вашингтон под критики: Помошта за Куба е залудна додека трае нафтената блокада
- ВМРО-ДПМНЕ вечер избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата
- Успешната спортска приказна на Aдмирал и боксерот Рустемовски продолжува
- Владата одзела 14 лиценци на фирми за марихуана – канабис одгледуваат 43 компании
- Вјоса Османи со силна поддршка: „Трамп заслужува Нобелова награда за мир“
- (ВИДЕО) „Згрешив, нема да се повтори“: Ново извинување по бруталните закани до полицајците
- СДСМ: ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, сега врши „бркање вештерки“ по компаниите

