Украинец му го отсекол половиот орган на маж бидејќи му ја силувал сопругата, а сега може да добие подолга казна од силувачот

Неименуван маж (27) од Украина му го исекол половиот орган на Димитриј откако го затекнал додека ја силувал неговата сопруга, и тоа недалеку од нивниот дом во Украина, а целата случка се одиграла минатиот викенд.

Сопругот се враќал од работа накај дома кога видел како непознат маж ја напаѓа неговата сопруга, објави Дејли Меил.

Жената била во ресторан со пријатели па околу 1 часот по полноќ тргнала да си оди дома, аја нападнал 25- годишниот Димитриј Ишенко. 

Полицијата навела дека Димитриј и ја ставил раката на уста на жената и се обидел да ја одвлече во грмушките.

Но сопругот на нападнатата жена стигнал по 10 мин, па слушнал звуци од грмушките, откако се доближил го видел Димитриј кој ја силувал баш неговата сопруга.

Прво го удрил со глава, а потоа извадил нож и му го отсекол половиот орган, а викањето на Димитриј ги разбудило сите соседи.

- 27- годишниот маж изгубил контрола откако видел дека некој му ја силува сопругата. Не бил во состојба да ги контролира постапките- рекол адвкатот кој го браи 27- годишникот на кој сега му се заканува затвор.

Откако му го отсекол половиот орган, тој од силниот шок пешачел неколку километри.

-Не знам што ми се случи- рекол за медиумите.

Силувачот е итно опериран, а по закрепнување го чека затвор. Тој се бранел дека пред да го изврши делото го напуштила девојката, а тој ден имал испиено едно литро вотка.

Сепак во затвор б можел да заврши и сопругот на жртвата на кој му се заканува казна затвор од 8 години, додека на силувачот 5 години.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2019 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега