Украинец го држел синот на синџир: Го тепал и врзувал како куче (видео)

Украинската полиција ослободила шестгодишно момче од куќата на стравот во кој насилен татко го држел во заложништво на ланец и го тепал.

Кога вчегле во куќата  и го виделе момчето целото валкано, полно со модринки, клечи пред вратата врзано со ланец околу стомакот, полицајците се шокирале, пренесуваат медиумите.

Припадниците на полицијата велат дека детето било покриено со модринки, а таткото се обидувал да ги убди дека се работи за воспиување.

„Беше врзан како куче“ напишале во извештајот.

Момче чие име не е откриено, живеело само со таткото и маќеа во село во Миколејев, Украина.

Заменик шефот на украинската полиција поставил фотографија од момчето на својот фејзбук профил, па само напишал „без коментар“.

Несреќното дете живеело во агонија се додека не се пожалило на децата во училиште кои пренеле на родителите кои пријавиле во полиција.

Момчето е одземено од родителите привремено и се наоѓа во болница.

Најверојатно ќе биде преместено во сиропиталиште.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2019 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега