Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша нова уредба со која директно ја напаѓа руската танкерска флота и компаниите кои овозможуваат превоз на санкционирана нафта. Зеленски на социјалната мрежа „X“ порача дека ова е дел од процесот на целосно усогласување со Европската Унија во борбата против руското заобиколување на санкциите.

Овој потег доаѓа во клучен момент кога во Брисел веќе се „крчка“ 20. пакет санкции на ЕУ, кој се очекува да биде усвоен до крајот на февруари. Според најавите, ЕУ размислува за драстичен чекор – замена на досегашната граница на цената со целосна забрана на поморските услуги за руската нафта.

Покрај танкерите, на новата црна листа се најдоа и кремљските пропагандисти, како и хакерите вклучени во кибер-напади врз Украина и нејзините западни сојузници.

Exit mobile version