Украина: Новороденче е убиено во руски ракетен напад, а неговата мајка преживеала

Новородено бебе е убиено во руски ракетен напад врз породилно одделение во јужниот украински регион Запорожје, соопштија службите за итни случаи, пренесува „Би-би-си“.

Од под урнатините биле извлечени мајката на бебето, која во тој момент била единствената жена во установата и лекарот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека носи „терор и убиства“ во неговата земја.

Регионот Запорожје, каде што се наоѓа клучната нуклеарна централа, беше во фокусот на повторените руски напади.

Украинските служби за итни случаи соопштија дека руските проектили го погодиле породилното одделение на болницата во градот Вилњанск, кој е под контрола на Украина, блиску до линијата на фронтот, во текот на ноќта.

И покрај тоа што областа е под контрола на Украина, целата област Запорожје е преземена од Русија по самонаречените референдуми во септември.

23.11.2022 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега