Украина не презема одговорност за експлозиите на Крим

Киев не е одговорен за вчерашните експлозии во руската воздухопловна база на Крим, изјави Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, сугерирајќи дека можеби станува збор за диверзантски акции на партизански единици, пренесува „Ројтерс“.

На новинарско прашање дали Украина ја презема одговорноста за експлозиите на Крим, Подољак одговори: „ Се разбира дека не. Што имаме ние со тоа?“, наведува британската агенција.

Едно лице загина, а осум се повредени во инцидентот на аеродромот на Крим, соопшти вчера локалното Министерство за здравство.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека на аеродромот на Крим експлодирала муниција, но дека немало никаков напад, а ниту авион не е оштетен, пренесе ТАСС.

10.08.2022 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа