Познатиот јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, неодамна доживеа шок кога неговиот автомобил вреден 500.000 евра беше запален.
Осомничениот за овој инцидент, Зоран Р. (23), набрзо беше уапсен, но проблемите за популарниот јутјубер не престанаа.
На социјалната мрежа TikTok се појавија видеа на кои се гледаат поединци како крадат делови од запаленото возило, а некои дури и ги ставаат на продажба.
Во врска со овие настани, Бака Прасе се огласи и призна дека кога отишла до својот автомобил, не нашла ништо.
- Отидов да проверам дали нешто од моите работи е оставено во Брабусот и ништо не останало. Собраа сè како чакали, како мршојадци што го кинат автомобилот. Некои деца се сечат на стакло и завршија во итната помош, беше пекол – рече јутјуберот.
Вишиот суд во Белград му одреди притвор до 30 дена на Зоран Р. (23), осомничен дека заедно со, засега непознати лица, на 16 февруари ги извршил кривичните дела изнуда во обид и предизвикување општа опасност на штета на Богдан Илиќ.
Му е одреден притвор за да не се влијае врз сведоците и да се спречи повторување на кривичното дело во краток временски период, соопшти судот.
На сослушувањето пред вршителот на должноста јавен обвинител, осомничениот се бранел со молчење, односно го искористил своето законско право да не даде одбрана, соопшти претходно Вишото јавно обвинителство во Белград.
По неговото апсење, Министерството за внатрешни работи објави дека Зоран Р. е осомничен за намерно предизвикување пожар во возило „Мерцедес Г 800 Брабус“ во сопственост на Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, на 16 февруари во 3:26 часот наутро во Белград, на улицата Херцеговачка.


