Украден мртовец од струмичката болница

Претпладне околу 9 часот група струмичани украле мртовец од Инфективното одделение на болницата, потврди за МИА директорот, д-р Наќе Гогов.

– Се се случи како во хорор филм. Пациент на 49 годишна возраст бил примен во амбулантата во тешка состојба, откако претходно го донеле неговата ќерка и сопругата. Отако набргу починал дваесетина граѓани од Турското маало во Струмица го извлекле починатиот со кревет надвор во дворот на болницата, го префриле преку оградата и го ставиле во комбе по што се упатиле во непознат правец. Го осудуваме овој чин, бидејќи не дозволиле на лекарите да потпишат посмтрница и да ги пополнат потребните документи. Веднаш ја алармиравме полицијата, но додека таа да дојде тие веќе заминаа, рече директорот Гогов.

Според него не може да се каже дали починатиот бил заразен од Ковид-19, бидејќи не му бил направен тест. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа