УЈП со важно соопштение до корисниците на МојДДВ: Ќе треба да ја превземат новата верзија на апликацијата

Управата за јавни приходи ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека е извршено нејзино прилагодување согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица објавен во Сл.весник на РСМ бр.65/2023  објавен на ден 23.03.2023 година.

Ова значи дека сите корисници на МојДДВ, ќе треба да ја превземат новата верзија на апликацијата од Playstore, Appstore и Huawei appgallery. Измените веќе се  видливи во апликацијата МојДДВ во верзијата 2.1.6. 

Исплатите со зголемен максимален износ од 2.100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава  ќе се реализираат во мај. 

Во моментов апликацијата МојДДВ, ја користат 523 673 граѓани a бројот на нови корисници секојдневно расте. Од почетокот на мерката до денеска, кај граѓаните се  вратени близу 6 милијарди денари, информираат од Управата за јавни приходи во соопштение до медиумите.

24.03.2023 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега