УЈП со важна информација за граѓаните кои скенираат фискални

Од 1 до 15 декември ќе почат на сметките на граѓаните да легнуваат парите од повратот на ДДВ од мерката МојДДВ.

Од Управата за јавни приходи велат дека граѓаните кои ја користат апликацијата МојДДВ, треба навреме да извршат проверка на внесените податоци за трансакциска сметка или доколку не ја внеле да го направат тоа навремено за да може да се реализира повратот на ДДВ.

– Корисниците на апликацијата Мој ДДВ треба да внесат лична трансакциска сметка, во спротивно нема да може да се изврши враќање на данокот,  велат од УЈП, пренесе Плусинфо.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2019 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега