УЈП: Опозицијата да се воздржи од шпекулации кои може да наштетат на постапката, детектиравме незаконитости и навреме преземавме мерки

Управата за јавни приходи најостро ги демантира обидите за шпекулација од страна на опозициската политичка партија и нејзиниот претседател дека УЈП, има афера.

Јавноста треба да е целосно информирана, граѓаните не треба да се доведуваат во заблуда. Во таа насока, посочуваме дека не станува збор за афера на УЈП, туку станува збор за утврдено незаконско работење сторено од Даночни обврзници кое УЈП го детектираше навремено уште во јули 2021 година.

Во интерес на предизтражната постапка на Јавното Обвинителство, информираме дека сите потребни материјали и податоци од страна на УЈП се доставени до институциите и дека се превземени сите потребни мерки во насока на заштита на државната каса.

Управата за Јавни приходи е институција со висок интегритет и во истата работат високо ефикасни професионалци кои навремено и ефективно ги извршуваат своите работни задачи. Меѓу другото, раната детекција на незаконската работа кај одредените даночни обврзници е резултат на посветената и професионалната работа на вработените во УЈП. Во таа насока би сакале да ја увериме јавноста дека јавниот и државниот интерес се императив на работењето на УЈП.

Управа за јавни приходи

12.05.2022 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега