УХМР со временска прогноза за целата недела: Пад на темпертаурите со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Сончево време со мала до умерена облачност и постепен пораст на дневната температура, најавува УХМР за следните денови. Но, утре, како што соопшти, се очекуваат пониски утрински температури, а во попладневните часови и услови за изолирана појава на краткотраен дожд.
Според УХМР, во петок кон крајот на денот и во сабота на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурите од утре до недела ќе се движат од минимални девет до максимални 34 степени.
13.07.2020 - 11:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа