Времето денеска во државата ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер чија брзина ќе надминува 50 километри на час.

Според официјалната најава на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на повеќе места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Синоптичарите предупредуваат на пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер со брзина над 60 километри на час, како и услови за појава на град.

Наутро минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 17 степени, додека максималната дневна ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, а во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северен правец.

Во главниот град минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Од УХМР излегоа со долгорочна прогноза за следните неколку денови, посочувајќи дека нестабилното време ќе го одбележи целиот викенд.

„Според УХМР, за време на викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град.“

На почетокот на следната работна недела се очекува краткотрајно стабилизирање и затоплување на времето во земјава.

„В понеделник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, во вторник и во среда времето ќе биде претежно сончево и релативно топло. В четврток повторно се очекуваат врнежи.“

Exit mobile version