УХМР со нови најави: Во петок очекувајте проман на времето

Сончево време со мала доумерена облачност, во западните делови и магла наутро по одделни котлини, најавуваат за денеска во земјава од УХМР. Според најавите, ќе дува и слаб до  умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопјe, времето ќе биде претежно сончево со услови за слаба утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Во среда, особено во јужните делови, а во петок и сабота на повеќе места ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Во петок и за време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 07:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега