Под влијание на поле со висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време. Исклучок ќе биде утре кон крајот на денот, кога ќе има услови за слаб локален дожд, информираат од УХМР.

До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го промени правецот и ќе дува од југоисток. За време на викендот се очекува зголемување на облачноста.

Exit mobile version