УХМР со лоши вести за цела недела

Времето денеска и утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м2), особено во западните и југоисточните делови. Во текот на ноќта кон среда врнежите од дожд ќе поминуваат во снег и на повисоките места, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од нула до 7 степени, а дневната од 3 до 12 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 8 степени.

Преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток, а во петок кон крајот на денот, а во сабота се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, на планините од снег. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 07:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега