Времето утре променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 km/h), соопшти УХМР.
На повеќе места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.
За време на викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.
Во понеделник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Во вторник и во среда времето ќе биде претежно сончево и релативно топло.
Во четврток повторно за очекуваат врнежи.


