Учителка го уништи роденденот на својата ученичка и заврши во затвор

Учителката на замена му се налути на директорот на училиштето, па одлучи да му се одмазди така што на масите и скарата подготвена за неговата забава стави човечки измет, пишува „Њујорк пост“.

Хедер Карпентер од Флорида беше уапсена откако во знак на одмазда за приговорот што го доби од директорот, влезе во павилјонот резервиран за прославата на роденденот на неговата шестгодишна ќерка, и од сите страни го посипа со фекалии.

Според „Њујорк пост“, сведоците ја виделе како носејќи гумени ракавици и маска за лице ги остава „своите подароци“ на масите и скарата.

Директорот пријави сè во полиција, објаснувајќи дека е во кавга со учителката која предава во одделението на неговата ќерка. Кога полицијата се појавилa на нејзината врата, 42-годишната учителка веднаш признала дека сакала да се одмазди.

Таа била уапсена на почетокот на декември, а следниот ден била ослободена со кауција од  2 000 евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2019 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега