Ученик си пукал во глава за време на час

 

Ученик во приватно училиште во Охајо е тешко повреден откако со пиштол си пукал во глава пред целото одделение.

Обидот за самоубиство се случил во приватна машка академија во градот Синсинати. Портпаролот на академијата Грег Танкерсли изјави дека станува збор за изолиран инцидент и дека ниту еден од учениците не бил загрозен.

Танкерсли пред новинарите истакна дека ученикот си пукал самиот во глава за време на првиот час.

Ученикот, чие име не е соопштено, се наоѓа во критична здравствена состојба и лекарите се обидуваат да му го спасат животот. Полицијата објави дека  се уште трае истрагата за тоа како ученикот дошол до пиштол.