Ученици од Делчево на „гости“ кај Пендаровски

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска го посетија ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Делчево.

Учениците имале можност да се сретнат и лично да поразговараат со претседателот на државата Стево Пендаровски, и директно од него да се информираат за неговите надлежности, ги посетиле просториите во кои се реализираат официјалните и работните средби, како и салите во кои се организираат свечености, состаноци, настани и прес-конференции.

Од прес-службата на Кабинетот на претседателот информираат дека учениците се сретнале и со дел од вработените во Кабинетот и биле запознаени со историјатот на Вила Водно, со дел од активностите кои се одвиваат, како и со начинот на функционирање на оваа институција.

– Сите заинтересирани граѓани, институции и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот http://pretsedatel.mk/?page_id=3016 имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер, коишто ќе бидат реализрани во Кабинетот, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега