Ученици и студенти од Универзитетот Американ Колеџ го посетија кабинетот на претседателот Пендаровки

Средношколци и студенти од Универзитетот Американ Колеџ, Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска го посетија  Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Вила Водно.

Посетителите се интересираа и разговараа со претседателот Пендаровски, за неговата работа, надлежности, ги посетија просториите во коишто се одвиваат официјалните средби, салата за свечености, настани и прес-конференции. Учениците и студентите се сретнаа и со дел од вработените во Кабинетот и беа запознаени со историјатот на Вила Водно, со дел од активностите коишто се одвиваат, како и со начинот на функционирање на оваа институција.

Денешната посета на учениците и студентите е дел од проектот Лице в лице со Претседателот, со кој се реализираат директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Сите заинтересирани граѓани, институции и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот http://pretsedatel.mk/?page_id=3016 имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер, коишто ќе бидат реализирани во Кабинетот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега