УБК проневерила стотици илјади евра - уапсен Тони Јакимовски, поранешниот шеф на кабинет на Мијалков

Четири лица вработени во УБК, меѓу кои и Тони Јакимовски кој е поранешен началник на Прва управа на УБК, се уапсени од полицијата во истрага на обвинителството за организиран криминал и корупција и одделот на МВР за организиран криминал.

Според првичните информации до кои дојде Телма станува збор за проневера на пари на УБК која е извршена со трошење на повеќе стотици илјади евра. Парите наместо за потребите на службата се потрошени за сосема други цели.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.03.2019 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега