Убиство во Москва: Ана не се јавувала на телефон, а потоа испратила чудна порака на нејзиниот дедо

Студентката Ана е брутално убиена во југозападна Москва, а нејзините роднини во вторникот го пронашле телото на 20- годишната девојка завиткано во ќебе, на балконот во нејзиниот стан.

Осомничен за убиството е 23 годишник и се уште е во бегство.

Ана требало да дипломира во 2020 година.

Таа од неделата не се јавила на својот дедо, а ден претходно тој ја посетил внуката. Мајката на Ана починала, а за неа се грижел 71- годишниот дедо.

Ана била малку настината, па дедото и однел лекови во саботата, а во неделата кога и ѕвонл на телефон таа не одговарала.

Ова било аларм дека нешто не е во ред, бидејќи се слушале по неколку пати во денот.

Во понеделникот стигнала порака„дедо не се чувствувам добро, спијам цел ден“ но ваква порака не била вообичаена за Ана па дедото и бабата вчера отишле во нејзиниот стан каде го пронашле и телото на девојката.

Телото било пронајдено на балконот, а вратата на станот била затворена.

Дедото рекол дека пред три недели кај неговата внука се преселил извесен Константин кого го запознала во продавницата во која работела.

Неговите намери со Ана се чинеле сериозни, тој купил неколку работи за во станот, но никој не се надевал на вакво нешто.

Се сомнева дека ја убил Ана удирајќи ја со тап предмет во главата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега