Убиство што ја потресе Америка: Застрелано 5-годишно дете кое си играло покрај неговиот двор (ВИДЕО)

Полицијата обвини 25-годишен маж за убиство од прв степен, откако е утврдено дека минатата недела пукал и убил 5-годишно момче во Вилсон, Северна Каролина.

Остин Хинант раскажал за Си Ен Ен дека нешто работел дома, додека неговиот син си играл надвор.

Хинант веднаш истрчал штом слушнал пукање, го зел повреденото дете и го држел во раце.

„Викав некој да му помогне да го спасам синот“, рече и додаде дека го кренал погледот кон блискиот двор и го здогледал соседот Дариус Сесомс. Имал пиштол во рака и невротично чекорел долж дворот.

Свршеницата на Хинант повикала брза помош и полиција.

Полициската станица Вилсон соопшти дека на 9. август примила дојава за пукање и дека на местото на настанот го пронашла рането 5-годишното дете кое подоцна им подлегнало на повредите во блиската болница.

Полицијата го идентификувала Сесомс како осомничен и го уапсила. Не е познато дали тој има адвокат.

„Навистина не ми е јасно зошто го застрела мојот син“, рече таткото.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 20:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа