Убил човек мислејќи дека е дива свиња - МВР со детали

64-годишно лице застрелал човек, додека бил на лов и чекал диви свињи. Мислејќи дека е дивеч, застрелал човек, а Итната медициска помош констатирала смрт при увидот, информираат од МВР.

„На 16.12.2021 околу 21.40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Сарај го лишиле од слобода Р.К.(64), поради сомнение дека сторил кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик. Во 21.30 часот во Полициското одделение Сарај тој пријавил дека во с.Горна Матка, додека бил на лов и чекал диви свињи, застрелал човек, мислејќи дека е дивеч. Во 21.40 часот на полициски службеници им го покажал местото и телото на починатото лице. Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт и било утврдено дека починатиот е С.Ј.(46) од с.Матка, скопско. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението на МВР.  

17.12.2021 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега