Убиениот Небојша од Сомбор го криел Чаба Дер - момчето ликвидирано за да не открие каде е платениот убиец

Доколу Чаба Дер биде испорачан во Србија, тамошните истражни органи ќе ја истражуваат неговата вмешаност во исчезнувањето, а потоа и смртта на Небојша Каран од Сомбро, бидејќи се верува дека Каран му помагал на платениот убиец да се скрие.

Доколку шечкото Министерство за правда одлучи Чаба Дер да биде осомничен за убиството на Небојша Марковиќ и уште две злосторства во странство, ќе го испорача во Србија, а српските истражни органи ќе испитаат каква е неговата улога во исчезнувањето на Каран.

Според неофицијалните сознанија, Каран, чие тело кон крајот на февруари после 18 дена потрага, беше најдено на напуштен пат кон Суботица, убиен е поради врската со 39-годишниот Чаба Дер и неговиот соработник 40-годишниот Ален Циглер.

Каран, кој од претходно и бил познат на полицијата, како што постои сомнение, му помагал на Дер во криење после бруталната ликвидација на Марковиќ. Небојша според оперативните сознанија, најверојатно бил убиен за да не открие детали за врската со криењето со Дер.

На телото на Крана имало видливи рани на градите и главата. Полицијата се сомнева дека Каран бил поврзан со Циглер, осомничен дека му бил соучесник на Дер во извршувања на ликвидациите на Баново брдо.

Да потсетиме, Небојша Каран од Сомбор последен пат бил виден на 9. февруари како излегува од својот дом. Скоро 20 дена подоцна бил пронајден мртов на нива меѓу Сомбро и Суботица, а полцијата се сомнева дека со куршуми од огнено оружје бил убиен 2 недели пред тоа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2019 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега