Убиениот брат на Ким работел за ЦИА: По убиството на неговата сметка се најдени 120.000 долари

Ким Џонг Нам, убиениот полубрат на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-Ун,  бил информатор на Централната разузнавачка агенција ЦИА, објави „Волстрит џурнал” цитирајќи добро информирани извори.

– Неколку поранешни американски официјални лица изјавија дека полубратот, кој со години живеел надвор од Северна Кореја и немал врска со Пјонгјанг, не можел да обезбеди увид во тајните активности на Северна Кореја – пренесува овој извор.

Неименувани поранешни функционери во изјава за весникот веруваат дека е речиси сигурно дека Ким Џонг Нам бил во контакт со безбедносните служби на други земји, особено со Кина.

Весникот додава дека улогата на полубратот како информатор на ЦИА се споменува во книгата на новинарот на Вашингтон пост, Ана Фифифелд, „Големиот наследник”, што денеска ќе биде објавена.

Се наведува дека полубратот на Ким е снимен во Малезија заедно со уште еден маж за кого се смета дека е американски разузнавач, а на сметката на Џонг- Хам имало 120.000 долари.

„Тие пари Ким ги добил најверојатно како конпензација за своите информации, а можно е да потекнуваат и од казини“ наведува„Фајалфорд“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2019 - 08:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега