Убиена припадничка на полицијата и поранешна сопруга на амбасадорот на БиХ - ја убил новиот сопруг

54-годишната Ирма Фориќ, припадничка на Граничната полиција на БиХ која беше убиена во својот стан во Сараево, му била поранешна сопруга на амбасадорот на Босна и Херцеговина во Пакистан, Сакиб Фориќ.

Инаку, Фориќ имале турбулентен брак, а наводно имало и насилство, па се развеле.

Полицијата го уапсила нејзиниот нов сопруг, Сенад Басариќ од Мостар, затоа што е осомничен за нејзиното убиство. Всушност и не се знае дали официјално ѝ бил сопруг затоа што не е потврдено дека се венчале пред неколку дена, кога свадбата била и планирана. Басариќ има државјанства од Германија и Босна и Херцеговина.

Според неофицијални информации,, Ирма била убиена со ладно оружје, наверојатно нож, дознала порталот Дознајемо.

Ирма работела како секретарка во Граничната полиција на БиХ. Имала син и ќерка, а токму ќерката ја алармирала полицијата дека мајка ѝ не се јавува на телефон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2019 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега