Саиф ал-Ислам Гадафи, синот на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, е убиен синоќа во западниот либиски град Зинтан. Веста ја потврди неговото семејство, како и неговиот политички кабинет, кој нападот го карактеризираше како „предавнички и кукавички чин“.

Според информациите од неговиот кабинет, четворица маскирани мажи упаднале во неговата резиденција, додека медиумите јавуваат дека 53-годишниот Гадафи бил застрелан во градината на својот дом. Неговиот адвокат, Халед ал-Заиди, потврди за светските агенции дека врз неговиот клиент бил извршен атентат.

Во Либија веќе почнаа шпекулациите за можните нарачатели, при што дел од медиумите ги посочуваат милициите блиски до владата во Триполи, иако тие ги демантираа обвинувањата. Саиф ал-Ислам Гадафи неодамна се подготвуваше за враќање во политичкиот живот на Либија, потег кој се сметаше за сериозен предизвик за актуелните власти.

Exit mobile version