Убиен е еден од најбогатите Британци: Пронајден е со повеќе убодни рани

 

Еден од најбогатите Британци, сер Ричард Лексингтон Сатон е пронајден мртв во својот дом во округот Дорсет со повеќе убодни рани на телото.

Британските медиуми јавуваат дека неговата сопруга е тешко повредена и оти е префрлена во болница во Бристол.

Сатон (83) е убиен во куќата на имотот вреден околу 2,5 милиони евра, а неговото богатство се проценува на околу 335 милиони евра, пренесува Спутник.

Според британските медиуми, полицијата уапсила осомничен кој разговарал со Сатон.

Полицијата објави дека напаѓачот користел нож. Сатон беше познат како сопственик на некои од најексклузивните хотели во Лондон, а поседуваше и повеќе куќи и фарми. Поголемиот дел од времето го поминуваше во својот дом на западот на Англија.

На листата најбогати луѓе или семејства во Велика Британија на „Сандеј тајмс“ Сатон се наоѓа на 435 место.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега