Убиецот на Џон Ленон по 40 години и се извини на Јоко Оно

Во 1980 година, Чепмен го застрела Ленон четири пати пред неговиот стан во Менхетен, додека Оно била таму. Минатиот месец, судот го одби неговото барање за условно ослободување по 11-ти пат, пишува Би-Би-Си.

За време на сослушувањето, Чепмен рече дека ја убил 40-годишната sвезда поради слава и дека заслужува смртна казна. Тој додаде дека цело време размислувал за грозоморниот чин и прифаќа дека може да го помине остатокот од својот живот во затвор.

-Само сакам да повторам дека жалам за моето злосторство“, рече Чепмен пред одборот за помилување во затворот Венде во американската држава Њујорк. “Немам изговор. Тоа беше за моја слава. Мислам дека тоа е најлошото злосторство што може да го сториш на некој што е невин.Тој беше исклучително познат. Јас не го убив поради неговиот карактер или за тоа каков човек беше. Тој беше семеен човек. Тој беше икона. Тој беше некој што зборуваше за работи за кои можеме да зборуваме сега и тоа е одлично.Го убив, да го употребам твојот збор, бидејќи тој беше многу познат и тоа е единствената причина. Бев желен за слава и многу себичен. Сакам да го додадам и да го потенцирам. Тоа беше исклучително себичен чин. Жал ми е за болката што и ја предизвикав на Оно. Мислам на тоа цело време.

Пред пет години, јапонската уметничка, сега на 87 година, која се спротивстави на какво било негово барање за ослободување, за Дејли бист изјави дека живее во страв да дека ќе излезе од затвор.

-Ако го сторил тоа еднаш, можеше да го стори повторно, на некој друг. Може да бидам јас, може да биде Шон (нејзиниот син), Секој може, па затоа сум загрижена, рече Оно.

Документите од последното рочиште што го одржа Здружението за печат откриваат дека комитетот го одбил неговото ослободување со образложение дека тоа би било „некомпатибилно со благосостојбата на општеството“.

Чепмен имал 25 години кога го убил Ленон. Денес има 65 години, тој е оженет и неговата сопруга живее во близина на затворот каде што е затворен последните осум години. На сослушувањето, тој се опиша себеси како длабоко религиозен и побожен христијанин.

Чепмен е исто така службеник во посебен дел од затворот, каде што е сместен заради сопствена безбедност.

Убиецот на Ленон го носел романот „Ловец на жито“ од Селинџер кога го извршил убиството. Говорејќи за тоа, рече дека се идентификувал со изолацијата и осаменоста на главниот лик.

Тој додаде дека заслужува смртна казна, што е укината во Њујорк во 2007 година, додека последен пат била извршена во 1963 година.

-Кога свесно планирате нечие убиство и знаете дека не е во ред и го правите тоа за себе, тоа е според мене е за смртна казна, рече Чепмен.

-Некои не се согласуваат со мене, но секој добива втора шанса.

На прашањето дали правдата е задоволена, Чепмен рече дека не заслужува ништо.

-Ако законот и вие одлучите да ме оставите овде до крајот на мојот живот, не се жалам.

Во својата одлука, Комитетот за поправки и надзор на заедницата во Њујорк соопшти дека смета дека изјавата на Чепмен дека „срамот носи слава“ е вознемирувачка и препорачува „личен раст и продуктивно користење на времето“.

Комитетот исто така забележа дека „себичниот чин на Чепмен им ја украде можноста на идните обожаватели да ги искусат зборовите на инспирација што овој уметник им ги дал на милиони луѓе“.

-Вашиот насилен чин предизвика уништување не само на семејството и поранешните членови на бендот, туку и на целиот свет, се додава во одлуката.

Чепмен следниот пат ќе се квалификува за условно ослободување по две години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 21:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега