Убиецот на бугарската новинарка доби 30 години затвор: Рекол дека бил пијан и дрогиран, па почнале да се расправаат

Дваесет и едногодишниот Северин Красимиров се појави денес во лисици и опкружен од полицијата во регионалниот суд во северниот град Русе, каде што претходно се изјасни за виновен и побара брзо изрекување на казната.

Телото на новинарката Викторија Маринова беше најдено кај Дунав во Русе на 6 октомври минатата година.

Истражителите наведоа дека таа била силувана, удрена во главата и задушена.

Красимиров претходно кажа дека на 6 октомври бил под влијание на алкохол и дрога кога почнал да се расправа со жена која не ја познавал.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2019 - 22:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега