Убави вести од Србија: За три месеци ќе започне производство на вакцината „Спутинк V“

Српскиот министер за иновации и тенолошки развој, Ненад Поповиќ, денес соопштил дека за три месеци во белградскиот институт „Торлак“ ќе започне „првата фаза“ на производство на руската вакцина „Спутник V“ против коронавирус.

За време на гостувањето во Српската радиотелевизија, Поповиќ рекол дека „втората фаза“, односно независната продукција, ќе започне на крајот на годината, кога Србија ќе ја обезбеди целата неопходна техничка опрема.

 

„Неопходно е да се набави соодветна опрема за тоа, и има огромен недостиг од таа опрема во светот“, нагласи тој.

Тој изјавил дека вакцините произведени во „Торлак“ ќе бидат за извоз, но и за употреба во Србија.

Поповиќ додал дека Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија (АЛИМС) синоќа официјално одобрила употреба на таа вакцина за граѓани постари од 60 години, за што претходно имало сомнежи.

„Вчера, на наше барање, имавме итен состанок во Министерството за здравство на Русија со експерти од Институтот„ Гамалеја“ и ги добивме сите појаснувања и документација кои покажуваат дека вакцините се безбедни“, додал тој.

Тој изјавил дека „Спутник V“ може „технички“ да се користи од крајот на декември, но дека сè било разјаснето синоќа.

Тој исто така најавил дека два милиони вакцини „Спутник V“, кои Србија ги нарача од Русија, ќе пристигнат до крајот на март.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2021 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа