Убави вести од метеоролозите: Кој ден од неделава ќе биде најтопол

До крајот на денов во државава ќе имаме сончево и релативно топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен, информира мтеорологот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 19 степени.

Потоа во следните денови ќе има уште поголем пораст на температурите на воздухот, и тоа поради понатамошен продор на топол воздух од југ. Времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува, особено за викендот. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени, особено од петок кога во најтоплите предели истите има услови да се искачат до 25 степени.

За време на викендот во попладневните часови локално ќе има услови за повеќе облачност и услови за локален краткотраен дожд.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 08:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега