Убавата стјуардеса пронајдена мртва во луксузен хотел - телото го нашле вработените

Руската стјуардеса Албина Мукаметзјанова (23) е пронајдена мртва во хотелска соба, пренесуваат руските медиуми.

Нејзиниот леш е пронајден во када полна со вода во хотелска соба во близина на меѓународниот аеродром Внуково во Москва.

Стјуардесата го користела хотелот помеѓу летовите, а рецепционерите велат дека таа неколку пати доаѓала со 25 годишно момче кое полицијата го именувала како Никита Е.

 

 
 
 
View this post on Instagram

 

Семејството и пријателите не знаеле ништо за наводниот нејзин љубовник кој последен бил со неа пред насилното нејзино задавување.

Тие се сомневаат дека го запознала преку апликацијата за пронаоѓање парови, а како што пишуваат медиумите тие го продолжиле сместувањето за уште 24 часа по истекувањето, пред нејзиното момче излезе од хотелот, седне во такси и исчезне.

Телото на несреќната девојка подоцна го пронашле лица од хотелот со што се покажало дека таа е прво задавена па удавена во кадата со вода.

Албина инаку работела како стјуардеса на чартер летови и летала за Кина, Виетнам како и за руските градови.

 

 

 
 
 
View this post on Instagram

DT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 19:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега