Уапсено лицето кое го згрози Балканот - се смееше и снимаше додека човек умираше по тешка несреќа

М.С. од Тешња е уапсен поради непружање на прва помош на Миленко Падар од Бња Лука, кој загина во тешка сообраќајна несреќа кај Мостар.

Несреќата се случила во понеделникот, а М.С. снимал и коментирал неколку моменти пред судирот. Снимката е објавена на социјалните мрежи, каде предизвика гнев кај другите корисници.

М.С. за време на снимањето велел дека возачот на „хјундаи“ е најверојатно пијан и се смеел на неговото возење. На снимката се слуша како вели: „Ене го, отиде под автобус“.

Потоа се гледа дека после судирот се приближува до смачканото хјундаи и вели: „Овој повеќе не е жив“ и птоа продолжува да снима и да се смее. Бројни корисници на социјалните мрежи ја гледале снимката и го искритикувале однесувањето на М.С.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2019 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега