Уапсено лице кое се движело со камења и чекан кон Собранието, повредени се двајца полицајци

 

Двајца полициски службеници се повредени и хоспитализирани, за време на денешниот протест против францускиот предлог.

Според информациите од терен, полицијата приведе лице кое се движело кон Собранието со чекан и камења во себе.

Претходно денес, дојде до насилство кај трговскиот центар „Мавровка“ кога група лица со камења, стаклени шишиња и други предмети ги нападна демонстрантите додека се движеа кон Министерството за надворешни работи.

Дел од групата беше и вооружен маж кој се закануваше и пукаше со пиштол, а подоцна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека оружјето било наменето за него и побара од МВР и министерот Оливер Спасовски лицето итно да биде приведено.

Демонстрантите кои во моментов се наоѓаат пред законодавниот дом бараа провокатори откако шише заврши во едно од прозорците на објектот. На новинарите им рекоа да не снимаат.

06.07.2022 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега