Уапсени тројца штипјани: Се шетале со кило марихуана

Тројца штипјани на возраст од 25 до 28 години се уапсени откако кај нив бил пронајден килограм марихуана.

-Вчера во 17.00 часот во атар на с.Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода С.И.(27), К.М.(25) и И.И.(28), сите од Штип, затоа што кај нив била пронајдена околу еден килограм марихуана, велат од полицијата.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

23.10.2021 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега