Уапсени тројца дилери во Скопје

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи и СВР Скопје Единица за недозволена трговија со дрога и оружје вчера приведоа три лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Околу 14 часот во центарот на Скопје, како што се посочува, приведен е Д.М.М. (36) роден во Белград, а живее во Скопје, бидејќи кај него е пронајдена кеса со остатоци од марихуана. Во координација со ОЈО Скопје извршен е претрес во дом на Е.Р. од Скопје и при тоа е пронајден кокаин и над еден килограм марихуана и една дигитална вага.

Во дворот на објектот е лишен од слобода и А.П. (33) од Скопје, кај кого е пронајдена марихуана. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, стои во соопштението. 

08.09.2021 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа