Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, шест возеле без возачка дозвола, од кои четири малолетници, а еден под дејство на алкохол
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, шест возеле без возачка дозвола, од кои четири малолетници, а еден под дејство на алкохол.
Во Тетово двајца малолетници управувале мопед и патничко возило без возачка дозвола. Мопед без дозвола управувале и по еден малолетник во Кочани и Кичево. Додека, без возачка дозвола возило управувал еден возач во Куманово и еден возач во Кавадарци управувал мотоцикл без дозвола. Едно лице во Битола возело трактор со 1,77 промили алкохол во крвта и учествувало во сообраќајна незгода со патничко возило во која била предизвикана материјална штета. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.


