Уапсени двајца лихвари во Штип – давале заеми со енормно високи камати

Полицијата уапси двајца лихвари од Штип на возраст од 39 и 45 години.

-Вчера по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Штип ги лишиле од слобода Е.Ј.(39) и С.Ј.(45), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека давале пари на заем со писмени и усни договори и притоа за себе договарале несразмерно високи камати. Кај нив биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело - пари, банкарски картички, лични документи на оштетени граѓани и две тетратки во кои биле евидентирани заеми дадени по енормно високи камати на лица од социјално загрозени семејства корисници на социјална помош и останати социјални додатоци, појаснуваат од полицијата.

 Се работи на целосно документирање на случајот, по што против Е.Ј. и С.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

03.12.2021 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега