Уапсени двајца дилери од Скопје - пронајдена дрога во нивните возила

 

Двајца скопјани се приведени вчера откако полицијата извршила претрес во нивните возила и била пронајдена дрога.

„Вчера во 19:40 часот од страна на полициски службеници на СВР Охрид на регионалниот пат Охрид-Св.Наум приведени се Л.Г.(34) и А.В.(39) и двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.

При извршениот претрес во патничките моторни возила марка ,,Опел вектра’’ и ,,Фолксваген пасат’’ и двете со скопски регистарски ознаки, кои биле управувани од Л.Г. и А.В., и во стан кој го изнајмил еден од приведените, пронајдени се марихуана, кокаин, дигитална вага и други предмети“, информира МВР. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2019 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега