Уапсена е потпретседателката на Европскиот парламент поради корупција

Белгиската полиција вечерва во Брисел ја уапси грчката социјалистка и пратеничка во Европскиот парламент Ева Каили (44), која е и една од потпретседателите на Европскиот парламент, јави АФП.

Апсењето, поврзано со истрагата за корупција во врска со домаќинот на Светското првенство Катар, уследи по приведувањето на четворица осомничени претходно во текот на денот, рече изворот,пишува Дејли мејл.

Се вели дека апсењето го вклучува и партнерот на г-ѓа Каили, Лука Висентини (53), кој е актуелен генерален секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати ITUC.

Каили е приведена на распит во полиција, додава изворот.

Другите четворица првично уапсени се италијански државјани или со италијанско потекло.

Федералниот обвинител на Белгија ги објави претходните апсења откако беа откриени 600.000 евра во готовина кога полицијата извршила рација на 16 адреси во Брисел.

Обвинителите не го прецизираа идентитетот на осомничените или името на државата за која станува збор, само велејќи дека станува збор за заливска држава.

Но, извор близок до случајот ги потврди извештаите во печатот дека истрагата е фокусирана на сомнителни обиди на Катар да го корумпира италијанскиот социјалист кој бил пратеник во Европскиот парламент од 2004 до 2019 година.


09.12.2022 - 22:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега