Уапсена дилерка на хероин од Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и продажба на дроги.

Имено, 39-годишната осомничена, во домот во кој престојувала на улица „Никола Тесла“ во Скопје, неовластено заради продажба држела наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 22,68 грама, спакувана во повеќе различни пакувања. Дрогата била пронајдена на 22 септември, при претрес на нејзиниот дом.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, ценејќи дека постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство на оомничената и можност таа да го повтори кривичното дело.​​

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега