Вчера во 15:00 часот во населба Поток во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода Н.М.(42) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

Таа се сомничи дека на 14.09.2026 одзела пари од паричникот на Н.Х.(64) од Тетово на неговото работно место на паркинг простор во Тетово.

Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот, против неа ќе следува соодветен поднесок.

Exit mobile version