Уапсен жител на Чешиново- ширел расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

Вчера во Кочани полициски службеници од Полициска станица Кочани го лишиле од слобода С.Ј. од село Чешиново поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ преку објавување преку интернет на текст и фотографии кои содржат говор на омраза.

На 14.12.2019 за истото кривично дело е приведен и Д.А. (36) од село Облешево. По документирање на случаите ќе следат содветни поднесоци до надлежното обвинителство, информираат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.12.2019 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега