Уапсен велешанец кој искршил табла на која пишувало „Република Северна Македонија“

 

Велешанец бил уапсен откако во алкохолизирана состојба искршил табла на која пишувало „Република Северна Македонија“.

-Вчера во 06:20 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Велес полициски службеници од Полициска станица Велес го лишиле од слобода Н.Ќ.(39) од Велес кој бил во алкохолизирана состојба, а по претходна пријава од истиот дека искршил поставената табла  со натпис „Република Северна Македонија“ поставена на објект на ул.„Димитар Влахов“ во Велес. Се преземаат мерки за расчистување на настанот - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2020 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега